17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Војната се враќа на руска територија, сите треба да бидат спремни за понатамошни напади“, вели Зеленски по украинската офанзива

Висок украински функционер изјави дека во неделата се воделе тешки борби во североисточниот дел на земјата и постигнале успешен напредок на некои места.

Руската армија, пак, објави дека ги запрела нападите на украинските сили на североистокот.

Руските власти објавија дека се соборени три дрона, кои сакале да ја нападнат Москва. Оштетена е фасадата на повеќекатната зграда, во која се сместени канцелариите на руската влада.

Володимир Зеленски ја опиша офанзивата во Бахмут во неделата како добар и моќен ден на фронтот.

„Војната постепено се враќа на територијата на Русија кон цели што имаат симболично значење“, рече Зеленски за нападите со дронови.

Синоќа руските сили возвратија со серија воздушни напади врз украинските градови, во кои загинаа две лица.

Украинската заменик-министерка за одбрана, Хана Малијар, рече дека руските сили се обиделе да ги турнат украинските војници од позициите во североисточна Украина.

„Клучната задача на Русија е да го одвлече вниманието на украинските сили од областа Бахмут, каде што се спроведува успешна украинска офанзивна воена операција“, рече таа.

Спонзорирано: