24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија: Спречивме напад на украински дрон во близина на Москва

Русија денеска спречи напад на украинско беспилотно летало во московскиот регион, кој не предизвика штети или жртви, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Утрово е спречен обид“ за напад на Киев со помош на „беспилотно летало (…) во московскиот регион“, објави руската одбрана на Телеграм.

„Дронот е уништен со помош на противвоздушна одбрана“, додаде Министерството. Овој напад не предизвикал жртви или материјална штета, според истиот извор.

Рано во петокот, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм објави дека „обид за напад на непријателски дрон бил извршен во текот на ноќта“, без да ја прецизира точната локација.

Руската престолнина и нејзиниот регион, лоцирани на повеќе од 500 километри од украинската граница, веќе беа цел на напади со беспилотни летала, вклучително и оној што го погоди Кремљ во мај.

Во понеделникот Киев ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало во текот на ноќта што ја погоди Москва.

На 4 јули, пет беспилотни летала беа соборени над московскиот регион, соопшти Русија, а нападот ги прекина операциите на Внуково, еден од трите главни меѓународни аеродроми во главниот град.