12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Патувањето на одмор е ужасна идеја“, им рекол пилот на туристите што тргнале кон грчкиот остров Родос

Повеќе од една недела Грција се бори со шумските пожари на копното, како и на островите Родос и Крф, предизвикани од силниот топлотен бран и широкораспространетите силни ветрови. Таму беа затекнати речиси 10.000 британски државјани. Магазинот „Мирор“ пишува за пилот што летал кон опожарениот грчки остров Родос издавајќи строго предупредување до патниците – дека ако одат на одмор, да не го прават тоа поради тоа што таму во тек се и евакуации.

„Патувањето до Родос на одмор во ова време е ужасна идеја. Што се однесува до мене, овој лет е итен случај. Повратните летови сега ги планира војската. Ако сакате да излезете од летот, можете да го направите тоа сега. Не знам од која причина патувате, но ако патувате поради задоволство, мојата искрена препорака е дека тоа е лоша идеја“, рекол пилотот пред полетување.

Голем број авиокомпании сè уште летаат за Родос, но пилотот на „Изиџет“ е еден од ретките што издал предупредување до патниците пред полетувањето во понеделникот, пишува „Мирор“.

На летот со 180 седишта од аеродромот „Гетвик“ имало 37 патници кога пилотот го издал своето последно предупредување – што довело до тоа осум патници да го напуштат авионот непосредно пред неговото полетување.