7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урна покрив на средно училиште, загинаа 11 лица во Кина

Единаесет лица загинаа при уривање покрив на гимназија во средно училиште во градот Чиќихар на крајниот североисток на Кина, соопштија денеска локалните власти.

Инцидентот се случил вчера, а последната жртва била извлечена од урнатините денес рано наутро. Официјалната кинеска новинска агенција „Ксинхуа“ јави дека уривањето на покривната конструкција е резултат на градежните работи што се изведувале во училиштето бидејќи работниците складирале градежни материјали на покривот на гимназијата.

Во гимназијата на училиштето имало 19 луѓе, јавува „Ксинхуа“, но не се наведува колку ученици имало.