17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Лукашенко: Вагнеровците сакаат да ја посетат Варшава

Наводно Лукашенко на шега на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин рекол дека платениците од паравојската „Вагнер“, кои ја обучуваат белоруската армија, сакаат да ја преминат границата на Полска, која е членка на НАТО.

„Тимот од „Вагнер„ почнува да се досадува, сака да оди на запад. Да ги посетиме Варшава и Жешов“, рече Лукашенко.

Сепак, нема индикации дека Лукашенко бил сериозен во врска со тоа. По пристигнувањето на борците „Вагнер“ во Белорусија, Полска распореди дополнителни сили на границата со оваа земја сојузничка на Русија.