22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Масовен напад врз Украина: Русите ги нападнаа Киев и Одеса со моќни ракети

Поголемиот дел од Украина беше под воздушна тревога, која беше објавена по полноќ во средата. Русите нападнаа повеќе локации, вклучително и напад со беспилотно летало врз Киев.

„Тоа беше тешка ноќ на воздушни напади за цела Украина, особено на југот, во Одеса“, изјави Серхи Попко, шеф на воената администрација на градот Киев, на каналот Телеграм.

Тој рече дека Киев бил нападнат и според прелиминарните информации има штети или жртви.

Во текот на ноќта, руските сили истрелаа 30 крстосувачки ракети, еден проектил од авион и 32 беспилотни летала камикази кон Украина.

Украинците тврдат дека нивната противвоздушна одбрана уништила 37 воздушни цели. Сите дронови испратени кон Киев се соборени, тврди украинската армија. Штети се забележани и во други региони како Житомир, Одеса, Миколаев и Херсон.