17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

„Најуспешниот генерал на векот“ ја предводи контраофанзивата на Украина: „Единството на нашите војници ја прават силна армијата“

„Побарајте го генералот Олександр Сирскиј на интернет и ќе го видите опишан како најуспешниот генерал на векот досега“, вака го опишува украинскиот генерал, Џонатан Бејл за Би-Би-Си.

Би-Би-Си направи интервју со успешниот генерал на украинскатра војска Олександр Сирискиј кој беше главниот фактор за дефанзивата на украинските сили и новата контраофанзива што се сучува во последниот период.

Генералот Сирски ја предводеше одбраната на Киев на почетокот на руската целосна инвазија на Украина минатата година. Тој беше мозокот зад изненадувањето и успешниот контра напад на Украина во Харков минатото лето. Сега, тој ја надгледува нејзината обновена офанзива како шеф на воените операции во источна Украина – една од двете главни оски на Украина.

Генералот за прашањето дали првата цел им е да го вратат градот Бахмут, одговара дека секако се труди да го напрваи тоа.

Но, дури и тој признава дека, повеќе од еден месец од почетокот, долгоочекуваната офанзива на Украина на повеќе фронтови оди побавно отколку што многумина се надеваа.

„Би сакале да добиеме многу брзи резултати, но во реалноста тоа е практично невозможно“, вели генералот Сирскиј.

Генералот Сирски верува дека Украина сè уште има една посебна предност.

„Верувам дека единството на нашето воено раководство и довербата на нашите војници едни во други се силна страна на нашата армија“, вели тој.

Пред два месеца, кога последен пат бев овде, Украина губеше терен и беше во опасност да биде опколена. Сега, масите се свртеа. Полковникот Олександр Бакулин, командант на 57-та бригада, вели дека сега Русите се во неволја.

Тој вели дека не го потценува својот непријател, но редовните руски трупи со кои сега се соочува украинската војска не се како Вагнерските платеници на Евгениј Пригожин кои го зазедоа градот претходно оваа година.

За првпат на источниот фронт, бројот на украинските сили сега се совпаѓа со оние на руските војници – околу 160.000.

Генералот вели дека повторното заземање на градот ќе има повеќе од само симболична вредност. Тој тврди дека Бахмут е исто така од стратешко значење, како порта кон другите клучни градови во регионот.