17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија ќе ги лекува хомосексуалците

Наскоро ќе бидат воведени сексолози во руските клиники за да им помогнат на пациентите да ја „надминат“ хомосексуалноста и различните сексуални „ментални нарушувања“, се вели во декретот на Министерството за здравство на Русија.

Како што пренесуваат меидумите, декретот, кој стапи на сила на 1 јули, доаѓа во време на задушување на правата на ЛГБТ луѓето, што рускиот претседател Владимир Путин се обиде да го прикаже како доказ за моралното распаѓање во западните земји, од кои, во неговото мислење, Русија мора да се заштити.

Според декретот потпишан од Путин, специјалисти ќе им помагаат на пациентите кои имаат „нетипични тенденции како што се автоеротизам, хомосексуалност, содомија“, се додава.

Светската здравствена организација (СЗО) ја отстрани хомосексуалноста од листата на ментални нарушувања во 1990 година, а Русија го направи тоа во 1999 година.

Спонзорирано: