24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар во Шпанија, евакуирани 500 лица

500 лица се евакуирани за да се заштитат од пожарот што избувна на канарскиот остров Ла Палма.

Регионалниот претседател на Канарските Острови, Фернандо Клавио, изјави дека пожарот уништил најмалку 11 куќи и предупреди дека бројот на евакуирани може да се зголеми.

„Со ресурсите што ги распоредуваме, се надеваме дека ќе можеме да го контролираме пожарот денес, но ветровите се менуваат“, рече тој.

Шпанската армија распоредила 150 свои пожарникари за да ѝм помогнат на локалните екипи да го изгаснат пожарот. Повеќето локални пожарникари пристигнувале со чамци од соседниот остров Тенерифе.

Пожарот гори на западната страна на островот во пошумен, ридски терен преполн со куќи каде оваа година има помалку од просечните дождови.

Спонзорирано: