17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Унгарија би можела наесен да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Унгарија денеска посочи дека би можела наесен да ја ратификува кандидатурата на Шведска за влез во НАТО.

Пратеникот на владејачката партија Жолт Немет посочи дека нема потреба да се свикува вонредна седница на парламентот за претходно да се одобри одлуката.

Тој истакна дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така ќе ја проследи ратификацијата на кандидатурата на Шведска за НАТО до турскиот парламент кога редовната седница ќе продолжи наесен, пренесува Ројтерс.

„Ќе почнеме со работа во средината на септември“, рече Немет.

Ердоган неодамна се согласи кандидатурата на Шведска за влез во НАТО да ја проследи во парламентарна процедура.

„По позитивните чекори што ги гледаме од ЕУ, ќе почнеме да работиме на исполнување на ветувањата што ги дадовме“, рече Ердоган и посочи дека лидерите на ЕУ со кои се сретнал имале позитивен став за заживување на напорите на Турција за пристапување во Европската унија.