17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен пожар беснее во Хрватска: во опасност се куќи, луѓе бегаат во паника

Силниот ветар го отежнува гаснењето на големиот пожар што избувна во градот Горњи Бановци кај Гребаштица во Шибеничко-книнската жупанија. На терен се 79 пожарникари со 28 возила, а шест авиони го гаснат пожарот.

Се наведува дека поради пожарот бил затворен дел од Јадранската магистрала за да им се овозможи на пожарникарите непречено да работат, а се очекува да полетаат уште противпожарни авиони.

Пожарот се доближил до куќите поради што превентивно се евакуирани две семејства.

На семејство од Германија им изгоре автомобилот, но тие се безбедни.

„Луѓето бегаат од станот, но не знаат каде да бегаат. Паника е, сè мириса и ништо не се гледа од чадот“, вели жител на опожарениот регион.

Спонзорирано: