24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Бевме во состојба на подготвеност“: Кина следеше и надгледуваше американски авион во Тајванската Теснина

Кинеската војска следела и надгледувала поморски патролен авион на американската морнарица, кој поминал низ меѓународниот воздушен простор во Тајванската Теснина, соопшти денеска Источната воена команда на кинеската Народноослободителна армија.

Во соопштението се вели дека трупите постојано се во готовност и се додава дека решително ќе го чуваат националниот суверенитет и безбедност на Кина.

Претходно беше објавено дека патролен авион на американската морнарица летал низ Тајванската Теснина по дводневните кинески воени вежби јужно од островот.

Кинеските власти тврдат дека имаат суверенитет, суверени права и јурисдикција над водниот пат, но Тајван и САД го оспоруваат тоа.

Командата на седмата флота на САД објави дека нејзиниот патролен и извидувачки авион P-8A Poseidon летал низ Теснината во меѓународниот воздушен простор.

„Транзитот на авиони низ Тајванската Теснина ја покажува посветеноста на Соединетите Американски Држави за слободен и отворен Индо-Пацифик. Американската војска лета, плови и оперира секаде каде што дозволува меѓународното право“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: