22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Норвешка ќе ѝ испорача на Украина дронови и елементи од системи за противвоздушна одбрана

Норвешка соопшти дека ќе ѝ испорача дополнителната воена помош на Украина годинава, вклучително и ултралесни беспилотни летала, елементи од системи за противвоздушна одбрана и храна за украинските војници.

Норвешката влада вчера објави дека ќе ја зголеми воената поддршка за украинската армија издвојувајќи за оваа година дополнителни 2,5 милијарди норвешки круни (околу 220 милиони евра) од повеќегодишниот пакет наменет за оваа намена.

„Таа ќе вклучува 1.000 ултралесни беспилотни летала ‘Блек Хорнет’ (Black Hornet), елементи од ракетните системи за противвоздушна одбрана ‘Неисамс’, кои ќе ги надополнат системите од истиот тип што Литванија планира да ѝ ги испорача на Украина, како и десетици илјади оброци за украинските војници“, изјави денеска норвешкиот министер за одбрана, Бјорн Арилд Грам.

Осло до денеска не ги прецизира деталите за опремата што треба да се испрати во Украина.