17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција ќе гради уште две нуклеарни централи на своја територија, преговара со Русија, Кина и Јужна Кореја

Турција сака да изгради уште две нуклеарни централи на своја територија, а за овие проекти преговара со Русија, Кина и со Јужна Кореја.

Ова го изјави турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар.

Анкара планира да има една нуклеарна централа во провинцијата Синоп, а другата во Тракија, пренесува ТАСС.

„До 2050 година Турција ќе произведува повеќе од 20.000 мегавати нуклеарна енергија, што е речиси четирипати повеќе од производството на нуклеарната централа ‘Акуџу’“, рече Бајрактар.

Тој прецизира дека некои нуклеарни централи ќе бидат големи – како оние во Синоп и Тракија, а Анкара ќе добива енергија и од мали модуларни реактори.

„Во однос на реакторите, тесно соработуваме со Велика Британија и САД“, рече Бајрактар.

Истовремено, турскиот министер ја пофали тековната работа на изградбата на нуклеарната централа „Акуџу“, која Русија ја гради на територијата на Турција.

„’Акуџу’ е најголемото нуклеарно градилиште во светот, со четири реактори, кои се градат во исто време. Од оваа електрана ќе почнеме да произведуваме енергија в година“, заклучи Бајрактар.