Centar.mk
ЛОКАЛНО

Ќе се заловуваат бездомни кучиња во општина Чаир

Заловувачкиот тим на јавното претпријатие „Лајка“ неделава почна со стратешко заловување во општина Чаир.

„Од 10 до 14 јули тимот ќе заловува во општина Чаир на следниве локации: булевар Цветан Димов, улица Џон Кенеди, улица Ферид Бајрам, улица Дижонска, улица Втора македонска бригада итн.“, велат од „Лајка“.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче, кое сакаат да им го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859/071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk

Исто така, граѓаните може и да помогнат во акцијата со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое може сами да го донесат во стационарот со претходна најава, известуваат од „Лајка“.

Можеби ќе ве интересира

Скопје добива нова, модерна противпожарна станица во општина Аеродром

ДЕСК

Се доградуваат 8 училници во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, од следната година ќе се воведе едносменска настава

ДЕСК

Нова пожарна станица, реконструкција на кино „Милениум“ и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје

C +