22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
СВЕТ

Над 61.000 лица лани починале од жешкото време во Европа

Минатата година повеќе од 61.000 луѓе умреле поради летните топлотни бранови низ Европа, се вели во студијата објавена во списанието „Nature Medicine“.

Се додава дека дведецениските напори на Европа да се прилагоди на потоплите услови не успеале да го издржат темпото на глобалното затоплување, пишува Њујорк Тајмс.

Најголем дел од загинатите се жени, особено постари од 80 години, додека кај помладите почесто умираат мажи.