11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Хургада, фото Centar.mk
СВЕТ

Детали за трагедијата во Албанија: луѓето на плажата ги реанимираa таткото и неговите синови, но немаше спас

Денеска напладне се случи трагедија на плажата Виле-Боштово во Албанија кога се удавија таткото Елвис Халилај (50) и неговите двајца малолетни синови на возраст од 13 и 15 години. Семејство од Тирана решило да го помине викендот на ова крајбрежје, но радоста се претворила во трагедија.

Албанската Еј-Би-Си ги пренесе изјавите на некои од сведоците на оваа трагедија, а еден од нив рекол дека другите туристи кои во тој момент биле на плажата ги донеле телата на брегот, а потоа се обиделе да ги спасат. Тој исто така додаде дека на плажата наводно бил поставен црвен сигнал поради временските услови, но никој не знаел за тоа.

„Во еден момент едно лице во кајак почна да вреска. Некои од нас видоа дека нешто не е во ред и влегоа во водата. Тој се приближи, и ние влеговме и видовме три лица како лежат таму. Ги фативме, ги извлековме до брегот, а кој стигна се обиде да ги реанимира“ изјави очевидец за албанската „Еј-би-си“ и додаде:

„Подоцна дознавме дека е даден црвен сигнал, никој овде не дозна каков е сигналот, каква е опасноста, само што ја видовме со своите очи.

Друг сведок рече дека кога телата биле изнесени на брегот, двајцата малолетни синови дале надеж со тоа што првично реагирале, додека таткото бил безнадежен.

Како што рече понатаму во интервју за албанската Еј-Би-Си, на плажата треба да има чувари и да има линија на разграничување за секој што влегува во морето.

„Не разбравме што точно се случи додека ги извлекуваа телата на брегот. Прво мислевме дека никој не е повреден, но кога дознавме дека се мртви татко и неговите двајца малолетни синови, останавме шокирани“, објасни тој.

Во моментот на трагедијата на плажата имало многу луѓе

Друг очевидец објасни дека во моментот на трагедијата имало многу луѓе на плажата кои со сите сили се труделе да ги реанимираат таткото и неговите двајца малолетни синови, но за жал не успеале во тоа.

„Не бев сам, имаше многу луѓе, имаше и медицинска сестра. Сите се бореа, тие што знаеја. Се обидовме да дадеме се од себе“, рече тој.

Според очевидците, брзата помош дошла подоцна, а како што додаваат, во последните две недели колку што доаѓаат на таа плажа не виделе ниту спасувачи, ниту лекари, ниту полиција, ниту некој што може да пружи прва помош.