Centar.mk
ЛОКАЛНО

(Видео) Ѓубрето од Аеродром и Кисела Вода истурено пред Дрисла

Ѓубрето од Аеродром и Кисела Вода што вечерва со помош на механизација од други градови беше собрано од овие општини, заврши фрлено пред Дрисла.

Градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром, Орце Ѓорѓиевски и Тимчо Муцунски, кажаа дека одлуката да се самоорганизираат за собирање на ѓубрето од улиците на овие општини беше донесена бидејќи Арсовска и градските претпријатија не си ја вршат работата, а Скопје е во состојба пред зараза.

Градоначалниците беа спречени да го истоварат ѓубрето на депонијата.

Откако по повеќе од 1 час не успеаја во намерата, укажаа дека имаат две опции – или да го вратат во Скопје на улиците или да го остават пред Дрисла.

Ја избраа втората, по што отпадот беше истурен пред оградата.

Арсовска која не сака ниту да го собира, ниту да го одлага, може да го истури во депонијата, велат градоначалниците.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција од вторник до петок

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 05 Јуни 2026 година

ДЕСК