10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Гори Света Гора: хеликоптери со вода во битка со силен ветер, пожарот се приближува до манастирот

Утрово околу седум часот по грчко време е пријавен пожар во шумската област Света Гора, во близина на манастирот Света Лавра на третиот крак од Халкидики.

За гаснење на пожарот на терен се испратени четири канадери и хеликоптер.

Покрај тоа, во борбата учествувале единаесет возила со 43 пожарникари и три екипи на пешадиската дивизија.

Пожарот е во тек во шумскиот дел на Света Гора, далеку од манастирот, додека во областа дува ветрови од пет бофори, пишува Прототема.