10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

(Видео) Жесток напад на станбени згради во Лавов, има загинати

Во рускиот ракетен напад врз градот Лавов, во западна Украина, загинаа најмалку три лица, а спасувачите трагаат по преживеани меѓу остатоците од станбена зграда, изјави локалниот градоначалник.

„Три лица загинаа“, рече градоначалникот Андриј Садови во објавата на својот канал на „Телеграм“. Тој додаде дека улицата ќе остане затворена сè додека итната помош не ги „исчисти остатоците и ги извлече сите мртви“.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавуваат информации за зголемување на бројот на загинати, но тоа сè уште не е потврдено.

Садови во претходна објава рече дека осум лица се ранети, но не е јасно дали таа бројка ги вклучува и тројцата загинати. Тој рече дека се оштетени 60-ина стана и 50 автомобили. Регионалниот гувернер Максим Козицки објави видео од 13 секунди, на кое се гледа голема четирикатна станбена зграда со делови од горните катови исчезнати или во урнатини.

Најавите на официјалните лица следуваа по широко распространети воздушни предупредувања во Украина и извештаи за крстосувачки ракети, кои влегле во украинскиот воздушен простор. Садови пријавил серија експлозии во градот.