16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Се судрија два воени авиони на колумбиските возухопловни сили

Два авиони на колумбиските воздухопловни сили Т-27 Тукано се судрија во неделата за време на тренинг лет во близина на воздухопловната база Апиаи, соопшти војската.

Според соопштението објавено од воздухопловните сили, загинал еден пилот.

„На местото на инцидентот е испратена увидна комисија за утврдување на причините за судирот“, се вели во соопштението.

На социјалните мрежи се појави видео кое наводно го овековечило моментот на инцидентот. Се гледаат неколку летала како летаат блиску еден до друг, а во еден момент крилото на едното од леталата е зафатено во пламен.

Пилотите, наводно, вежбале за аеромитинг на 20 јули во градот Рионегро. Т-27 е верзија на лесниот напаѓачки авион Embraer 312 Tucano.

Спонзорирано: