25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Соедите за убиството со бомба во Хрватска: „Се слушна плач и лелек, жената ја спасила ќерката пред да биде убиена“

Ѓ. Б.(56) синоќа со бомба ја убил својата поранешна партнерка П.П.(48) и себе си, кај Вараждин, во местото Бисаг во општина Брезница, соопшти полицијата.

„Во петокот, околу 23 часот и 40 минути, во стан во Бисаг, 56-годишен маж со активирање на рачна бомба убил 48-годишна жена и себе си. Истрагата на местото на настанот ја изврши заменик жупанискиот државен обвинител во Вараждин со стручна помош на полициски службеници“ соопштија од полицијата и додаваат дека истрагата е во тек.

Што всушност се случило раскажал соседот Иван Жежељ. Тој вели дека прво се слушнале плач и лелекањa, а потоа силен тресок.

„Беше некаде околу 12:30 навечер. Имаше лелек. Мислев дека се деца бидејќи беше крај на учебната година, а во близина имаше детско игралиште. Неколку секунди подоцна се слушна тресок, страшна експлозија на бомба. Бидејќи бев на дваесетина метри од нив, веднаш истрчавме и имавме што да видиме“, изјавил соседот за „Индекс.хр“.

Како што објасни, во станот се случило страшно злосторство. Напаѓачот со секира ја пробил вратата од балконот, а девојчето во тој момент почнало да вреска. Жената (48) се обидела да и’ помогне на ќерка си да избега низ балконската врата, но мажот имал неколку рачни бомби.

„Сите сме потресени, тоа никогаш не сме го доживеале на овие простори“, додаде тој.

На прашањето дали претходно бил проблематичен, соседот Иван немал што да каже освен дека знаел дека предвреме се пензионирал.

„Тие двајца беа пар, таа живееше со него извесно време, но тој беше многу проблематичен и таа го остави“, раскажала сосетка за „Јутарњи“. Жената вели дека Ѓ. Б. имал и брат близнак и двајцата биле „добри момци“. Тогаш Ѓ. Б. отишол во војна и се вратил сменет.

„Го испратија на ветеранска пензија, стана многу чуден. Тој живеел во колибата на неговите родители таму горе на ридот со белгиски овчари, имал многу кучиња. Во еден момент тој и П.П.(48) се заљубиле еден во друг“, објаснила жената за Јутарњи.

Последен пат соседката го сретнала Ѓ. пред извесно време.

„Ми рече дека не може да замисли што точно му се случило, ја држеше главата. Рече дека П.П го однела на масажа и дека додека тој се масирал жената била со сопственикот на салонот зад затворени врати. Почна да зборува секакви работи. Во суштина, таа го остави “, се присетува жената на сцената на раскинувањето меѓу парот, која веројатно не била прва.

Поранешните партнери имале по еден брак зад себе, секој со по едно дете, ќерка.

„Последниве две недели постојано кружеше таму со својот автомобил, но многу често правеше кругови. Толку многу што ни беше непријатно, особено затоа што прво не сфативме дека е тој, а кога сфативме, коментиравме дека ја контролира П.П.. Во врска не беа барем една година, ако не и повеќе“, рече соговорникот на Јутарњи и објасни дека за трагедијата слушнала утрото на вестите.

Како што појасни, автомобилот на осомничениот, син „голф“, останал паркиран на паркингот спроти црквата, регистарските таблички биле покриени, околу возилото имало полициска лента, а таму имало и полицаец.

Пред семејната куќа на убиената е молк, никој не зборува ни збор.