24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Се појави снимка во која Трамп откривал тајни за Иран и ја исмевал Хилари Клинтон

Американскиот Си-Ен-Ен објави видео од 2021 година во кое поранешниот американски претседател Доналд Трамп зборува во Њу Џерси дека поседува документи од кои не е тргната ознаката за тајност.

Според извештаите, видеото вклучува и момент кога Трамп укажува дека држи таен документ на Пентагон со планови за напад на Иран.

„Ова се документите“, рече Трамп.

На снимката може да се слушне и Трамп како се шегува со своите соработници за мејловите на Хилари Клинтон. Изјавите на Трамп во видеото, во кои се вели „ова се документите“ и се однесуваат на нешто што се претпоставува дека е „високо доверливо“, може да ги поткопа неговите претходни тврдења дека немал никакви документи кај себе.

„Немаше никаков документ. Тоа беше огромна количина на хартии и се друго што зборува за Иран и други работи. Можеби биле задржани, но не биле документи. Тоа беа приказни од весници, списанија, бројни написи“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Според аудио снимката која беше објавена, Трамп зборувал и за Иран.

„Само размислував, бидејќи разговаравме за тоа. И знаете, тие сакаа да го нападнат Иран. Ова се документите. Ова го направи војската и ми го даде мене. Како претседател, можев да ја отстранам ознаката тајно. Сега не можам, но знаете, ова е сè уште тајна“, вели Трамп, според снимката објавена од Си-Ен-Ен.

Поранешниот американски претседател претходно овој месец се изјасни за невин по 37 точки од обвинението поврзани со наводното лошо постапување со доверливи документи пронајдени во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.