12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Авионот на Пригожин слета во Белорусија: Лидерот на Вагнер наводно бил виден вчера во хотел во Минск

Деловниот авион на основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, полета од рускиот град Ростов на Дон за Белорусија, а друг авион пристигна од Санкт Петербург, објави независниот медиум Belaruski Hayun, повикувајќи се на податоци на Flight Radar.

Авионот на Евгениј Пригожин со регистарски број RA-02795 слета во базата Мачулишчи во близина на Минск во 7:40 часот по локално време.

Уште еден авион пристигна од Русија, бизнис џет BAe 125-800B со регистарски број RA-02878 полета од Санкт Петербург и слета во воздухопловната база Мачулишчи во 07:58 часот.

Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека активностите на руските служби, здравиот разум на мнозинството членови на Вагнер и „патриотскиот дух на руските граѓани“ биле одлучувачки во задушувањето на бунтот предводен од Пригожин против Руското воено раководство.

Тој им понуди на Вагнерите неколку опции – да се приклучат на руската армија, да одат кај нивните семејства или да одат во Белорусија.

Вчера некои медиуми објавија дека основачот на Вагнер веќе бил виден во Минск, во хотелот Green City со три ѕвезди на периферијата на градот.

Во самиот хотел не можеа да потврдат дека Пригожин престојувал кај нив, повикувајќи се на доверливоста на информациите за гостите. Тие појаснија и дека немаат луксузни соби, а најскапата опција за сместување е соба од „подобрена“ категорија која чини 180 белоруски рубљи (околу 65 евра) за ноќ.

Претходно беше објавено дека центрите за регрутирање на Вагнер во Русија продолжиле да работат.