17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Следните часови ќе бидат пресудни: Пригожин на пола пат до Москва!

Британското Министерство за одбрана објави дека силите на Евгениј Пригожин се движат кон север, низ регионот Воронеж, со речиси сигурна цел да стигнат до Москва.

„Во Ростов на Дон, Вагнер речиси сигурно ги презел клучните безбедносни локации, вклучувајќи го и штабот што ги води руските воени операции во Украина“, објави британското министерство на Твитер.

Оттаму оценуваат дека конфликтот меѓу Пригожин и руското воено раководство претставува најголем предизвик за руската држава во последно време и додаваат дека во следните часови лојалноста на руските безбедносни сили, особено на руската Национална гарда, ќе биде клуч за исходот на оваа криза.