12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Сите директни летови од Москва се распродадени

Германскиот весник „Шпигел“ пишува дека додека платениците на групата Вагнер се приближуваат кон главниот град на Русија, сите директни летови од Москва се распродадени. Да потсетиме, утринава Вагнерците влегоа во Русија од окупираните делови на Украина и тврдат дека презеле контрола врз клучните безбедносни позиции.

Извештаите покажуваат дека тие сега се упатуваат кон главниот град. Авионските билети од Москва до Тбилиси во Грузија, Астана во Казахстан и Истанбул во Турција повеќе не се достапни, потврди новинарот на Der Spiegel.