22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русите ги пречекуваат Вагнерите како ослободители: Бесплатна храна и прегратки за борците

Платениците на групата Вагнер не наидоа на отпор од локалното население во нивниот марш кон Москва, напротив, многумина ги пречекаа со раширени раце, давајќи им бесплатна храна и вода.

Водачот на оваа платеничка група, Евгениј Пригожин, го коментираше „топлото добредојде“ за семејството Вагнер.

– По пат не убивме ниту еден човек. Влеговме во Ростов. Без ниту еден истрел, ја окупиравме зградата на кожарницата во Ростов. Ние не се мешавме во ничија работа. Има луѓе кои стојат на улица со знамиња на PMC (Вагнер). Во продавниците за храна на нашите момчиња им се нуди да не плаќаат за тоа што го купиле – рече Пригожин.

На едно од видеата, руски цивили во Ростов почнаа да им носат храна и вода на војниците на групата Вагнер стационирани во нивниот град.


Потсетуваме дека во раните утрински часови група вагнерски платеници под водство на Пригожин започна вооружен бунт, окупирајќи го градот Ростов на Дон.

Рускиот претседател Владимир Путин најави жестока одмазда против сите оние кои се одлучија за воен бунт. Од друга страна, Вагнеровите најавија дека Русија наскоро ќе има нов претседател.