17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Путин паѓа, почна граѓанска војна: Вагнер ги завзема градовите, тенковите одат накај Москва

Шефот на платеничката воена група Вагнер, Евгениј Пригожин вчера го обвини руското воено раководство дека го нападнало воениот камп на Вагнер и убило голем број негови борци. Потоа, Рускиот национален комитет за борба против тероризмот објави дека поради оваа изјава, во Русија е покрената кривична постапка против Пригожин за поттикнување вооружен бунт.

Руската државна новинска агенција Тас објави дека најважните згради во Москва се под зголемена заштита, а во главниот град се зголемени безбедносните мерки. Руската служба за безбедност ФСБ објави соопштение во кое ги повикува платениците да не ги слушаат наредбите на нивниот шеф.

Путин разговараше со руските сојузници и соседните земји
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин телефонски разговарал со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, со претседателот на Узбекистан Мирзијоков и со претседателот на Казахстан Токаев.

Содржината на разговорот не е позната.

12:40 На социјалните мрежи се шири видео од хеликоптер кој цели на складиште за нафта во рускиот град Воронеж. Станува збор за градот во кој силите на Вагнер влегле утринава, а кој се наоѓа на околу 600 километри од Москва.

Вагнерите се упатуваат кон Москва
Според информациите кои доаѓаат од повеќе извори во Русија, силите на Вагнер го поминале Воронеж и се упатиле кон Москва. Ако не се запрени по пат, треба да бидат таму вечерва.

На социјалните мрежи се појави информација дека руски авиони се обиделе да ја запрат колоната Вагнер на автопатот М-4 кај Воронеж. На видеата се гледа уништен пат. Според фотографиите и видеата, силите на Вагнер се добро вооружени и имаат противвоздушни системи.

Сепак, во овој момент не е јасно која е точно целта на Вагнер, бидејќи е тешко да се очекува колона возила да стигне до Москва и да го заземе градот.