22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Ердоган му даде целосна поддршка на Путин

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска му се јави на претседателот на Русија, Владимир Путин, за да ја изрази својата поддршка за руската влада во лицето на бунтот на платеничката група Вагнер.

Разговараше со Путин
Ердоган изрази „целосна поддршка за чекорите преземени од руското раководство“ откако Путин го информираше за актуелната ситуација, се вели во писменото соопштение на Кремљ.

Путин претходно изјави дека и наредил на армијата да ги „неутрализира оние кои организираа вооружен бунт“. Обраќајќи и се на нацијата, тој го обвини шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин за „предавство“.

Востанието започна рано во саботата, кога борците на Вагнер го зазедоа градот Ростов пред да продолжат кон Воронеж. Тензиите меѓу Москва и паравоената група се зголемија откако Пригожин ги обвини руските сили дека ги напаѓаат неговите борци во Украина.

Издаден налог за апсење
Русија доцна во петокот ги негираше тврдењата и издаде налог за апсење на Пригожин.

Во последниве месеци, Пригожин постојано ја обвинуваше Русија дека не испорачува доволно оружје на паравоената група која се бори заедно со руската армија во Украина.

Русија се потпира на Вагнер за извршување на своите операции во Сирија и Украина, а групата е позната и по учеството во други конфликти низ светот, вклучувајќи ги Либија, Судан и Мозамбик.

Потсетуваме дека во раните утрински часови група вагнерски платеници под водство на Пригожин започна вооружен бунт, окупирајќи го градот Ростов на Дон.

Рускиот претседател Владимир Путин најави жестока одмазда против сите оние кои се одлучија за воен бунт. Од друга страна, Вагнеровите најавија дека Русија наскоро ќе има нов претседател.