24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски го ратификуваше законот за забрана за увоз на книги од Русија и Белорусија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го ратификуваше Законот за забрана за увоз и дистрибуција на книги од Русија и Белорусија.

Зеленски на Телеграм напиша дека верува дека законот, кој исто така забранува комерцијален увоз на книги печатени на украинска територија под руска контрола, е оправдан.

Тој додаде дека текстот на тој акт е испратен до институциите на Европската унија (ЕУ) за дополнителна проценка дали со одредени одредби од законот се повредени малцинските и јазичните права.

Законот беше усвоен од украинскиот парламент пред една година.

Министерот за култура Олександар Ткаченко напиша на Твитер дека усвојувањето на овој закон „ќе го заштити украинскиот културен простор од рускиот свет“.