14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судир меѓу патнички воз и камион во Чешка, меѓу повредените има и ученици

На северот на Чешка, 21 лице е повредено при судар на патнички воз со камион, соопштија денеска властите.

Државната агенција за спасување, соопшти дека девет патници во возот се здобиле со малку посериозни, а 12 со полесни повреди.

Полицијата соопшти дека меѓу 65-те патници имало и 19 ученици.

Несреќата се случила попладнево во близина на градот Либерец, а истрагата за причините е во тек, јавува „Н1“.