16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Ќе ги користиме замрзнатите руски средства за обнова на Украина

Во наредните недели, Европската унија планира да претстави предлог со кој ќе се користат замрзнатите руски средства за финансирање на обновата на Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Европската комисија планира да претстави предлог пред летниот распуст – рече фон дер Лајен за време на конференцијата за украинската обнова во Лондон.

Таа рече дека замрзнатите руски средства треба да се користат „затоа што сторителот мора да одговара“.

Меѓутоа, рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин во средата навечер во интервју за британскиот телевизиски канал Скај њуз ги нарече ваквите планови незаконски.

Конференцијата за обновување на Украина треба да ги постави темелите за обнова на Украина по руското уништување.

Фон дер Лајен исто така рече дека „не се сомнева“ дека Украина еден ден ќе се приклучи на ЕУ.

На истата конференција, германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, изјави дека обновата на Украина мора да биде поблиску поврзана со процесот на пристапување во ЕУ.

– Сепак, првенствено, на долг рок, сакаме да помогнеме во поставувањето на темелите за процут на идно подготвената украинска економија преку процесот на пристапување во ЕУ – рече Бербок.