15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Ајде да се бориме во кафез“: Маск го повика Цукерберг, тој прифати

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, денеска започна расправија со шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг, исмевајќи ја неговата компанија Мета, која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“ за да му се спротивстави на Твитер.

„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Цукерберг без други опции“, напиша Маск на Твитер, пренесува Politico.

Тој додаде дека е за „тепачка во кафез“ со сопственикот на Фејсбук, „ако и тој е за тоа“.

Цукерберг одговори на Инстаграм, пишувајќи: „Испратете ми ја локацијата“.