24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски војник добил милион рубљи за уништување на германски „Леопард” во Украина

Руски војник кој уништил тенк „Леопард“ од германско производство во битка во Украина, добил награда од 1 милион рубљи (11.842 долари) од приватна фондација, соопшти руското Министерство за одбрана. На видеото објавено од Министерството, војникот Андреј Кравцов седи на болнички кревет и прима награда од Александар Карелин, трикратен олимписки шампион во грчко-римско борење.

Министерството не соопшти кога и каде Кравцов го уништил тенкот или за што се лекува во болница.

Русија вели дека нејзините сили уништиле голем број борбени возила „Леопард“ од германско производство и „Бредли“ испорачани од САД, откако Украина започна контраофанзива на почетокот на овој месец.

Министерството за одбрана на Русија минатата недела соопшти дека исплатило индивидуални бонуси на повеќе од 10.000 руски војници од почетокот на војната во Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“, за уништување или заробување на украинска или западна опрема.

Предавајќи го сертификатот за приватниот бонус, Карелин му рекол на Кравцов: „Ова се прекрасни бонуси за оние кои предизвикуваат значителна штета на непријателот, згора на она што го прави државата“.