15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дали е можно? Плата 9.000 евра, а никој не се пријавил за работното место

Германскиот град Стоках бара градоначалник. Иако нудат плата од 9.000 евра, сепак не можат да најдат адекватен човек за оваа позиција.

Кој ќе биде наследникот на актуелниот градоначалник на Стокач, Рајнер Столц?

Кој ќе биде наследник на актуелниот градоначалник? Одговорот на ова прашање нема да има до изборите на 15 октомври или до вториот круг гласање. Сепак, веќе е во тек активна потрага и пронаоѓање на соодветни кандидати за градоначалник, пренесува магазинот Феникс.

Најавата на градоначалникот Рајнер Столц дека ќе го заврши четвртиот мандат две години пред истекот, предизвика голема бура во Стохах.

Столц како причина за неговото повлекување ги наведе здравствените причини.

„Бидејќи двапати ми беше дијагностициран коронавирус, моето здравје веќе не е такво за да можам лесно да го задржам темпото што го бара оваа позиција“, рече Столц.

„Затоа, по 30 години во Стоках и речиси 50 години во јавна служба, сега е време прво да размислам за моето здравје“, додаде тој.

Германските медиуми пишуваат дека за оваа позиција се уште никој не се пријавил, иако месечно би заработувале околу 9.000 евра.