11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Антони Блинкен пристигна во Пекинг: Целта на разговорите е да се стабилизираат односите кои станаа крајно напнати

На дводневна средба со кинеските претставници во Пекинг пристигна и американскиот државен секретар Антони Блинкен. Ова патување е прва посета на американски дипломат на Кина по речиси пет години.

Американските власти велат дека главната цел на разговорите е да се стабилизираат односите кои станаа екстремно затегнати.

Тоа доаѓа речиси пет месеци откако претходната посета на Блинкен беше одложена по летот на наводен кинески шпионски балон во воздушниот простор на САД.

Америка ги намали очекувањата за посетата и двете страни јасно ставија до знаење дека не очекуваат некој поголем напредок.

Целта, велат американските власти, е повторно да се отворат линиите на комуникација на високо ниво и да се стабилизираат односите кои станаа затегнати по инцидентот со балонот.

Кина организираше воени вежби во близина на Тајван, кој Пекинг го смета за составен дел на Кина. САД одржуваат блиски врски со демократски избраната влада на Тајван.