24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Тешка несреќа во Канада: најмалку 15 загинати

Најмалку 15 лица загинаа во канадската провинција Манитоба откако камион удри во возило во кое се превезувале стари лица и инвалиди.

Несреќата се случила во близина на градот Карбери, 170 километри западно од Винипег.

Кралската канадска коњичка полиција соопшти дека сите расположливи ресурси се распоредени на местото на настанот.

„Срцето ми се скрши кога ја слушнав веста за трагичната несреќа кај Карбери“, напиша на Твитер премиерката на Манитоба, Хедер Стивенсон.

Доколку се потврди бројот на жртвите, ова ќе биде една од најсмртоносните сообраќајни несреќи во поновата историја на Канада.

Во Саскачеван, соседна провинција, 16 лица загинаа во април 2018 година, откако камион удри во автобус кој превезуваше јуниорски хокеарски тим на рурален пат.

Во 2019 година, возачот на камионот беше осуден на осум години затвор.