25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија: Проблемот на Украина има неколку решенија, Путин е отворен за сите идеи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за голем број можни решенија за украинскиот проблем, пренесоа руските државни медиуми.

„Украинскиот проблем може да се реши на многу начини, Путин ги поддржува сите идеи за ставање крај на конфликтот“, изјави Песков за РИА Новости.

Медиумите потсетувааат дека јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза денеска пристигна во Украина во рамките на африканската мировна мисија. Се очекува Рамафоса денеска да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа да отпатува за Русија на разговори со Путин во сабота.

Според нацрт-документот како што објави Ројтерс, африканската мировна мисија најверојатно ќе предложи серија „мерки за градење доверба“. Во документот се наведува дека целта на мисијата е „да ја промовира важноста на мирот и да ги охрабри страните да се согласат со процесот на дипломатски преговори“.

Тие мерки би можеле да вклучуваат повлекување на руските војници, отстранување на тактичкото нуклеарно оружје од Белорусија, суспендирање на налогот за апсење на Путин на Меѓународниот кривичен суд и олеснување на санкциите.