Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Акциска контрола на територија на ЕВР Чаир: санкции за четири отпади со секундарни суровини

Денеска (16.06.2023), полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Инспекторатот за животот средина, извршија контрола во четири отпади со секундарни суровини на подрачјето на ЕВР Чаир. При контролата било констатирано дека сите четири отпади вршат трговија без регистрирана фирма и не поседуваат дозволи за складирање на секундарни суровини за што од Државниот пазарен инспекторат и Инспекторатот за животот средина им се изречени парични казни. По консултација со јавен обвинител, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК