24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Испратени се чеченски борци на руската граница со Украина, порача Кадиров

Чеченски борци се распоредени во руската област Белгород, која граничи со Украина, за да спречат напади на украинските диверзантски групи, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Во последниот месец, регионот на Белгород пријави серија прекугранични упади на проукраински руски партизански групи кои себеси се нарекуваат противници на претседателот Владимир Путин.

Кадиров рече дека борците од баталјонот Запад-Ахмат биле распоредени во близина на пограничното село Нехотеевка и контролен пункт во областа Граиворон, местото на прекуграничниот напад што беше во мај.

„Жителите на териториите долж границата со Украина можат да бидат мирни. Кој и да влезе во нашите граници ќе добие брз одговор – напиша Кадиров на Телеграм.

Украина негира вмешаност во прекугранични напади.