15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Уапсен роднина на масовниот убиец од Младеновац

Б.Г.(19), брат на вујкото на осомничениот за масовните убиства кај Младеновац, Урош Блажиќ, бил уапсен од страна на српската полиција.

Како што дознава „Блиц“, на Б.Ѓ., му биле ставени лисици за да се утврдат и расветлат сите околности поврзани со потеклото на оружјето, муницијата и експлозивните направи кои обвинетиот Урош Блажиќ ги употребил при извршувањето на кривичните дела кои му се ставаат на товар, односно кои се пронајдени при претресите.

На 4 мај во текот на вечерта Урош Блажиќ излезе со оружје и убиваше луѓе. Убил пет селани во селото Мало Орашје, од кои најмладата жртва има 15 години. Потоа продолжил кон селото Дубона, каде убил полицаец, неговата сестра и нивниот пријател.

Уапсен е следниот ден во раните утрински часови во близина на Крагуевац, откако киднапирал таксист и му се заканил да го вози.