22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Добивме сериозна понуда од сојузниците да испратиме авиони „Ф16“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека добил сериозна, моќна понуда од западните сојузници да испратат борбени авиони „Ф16“ во Киев.

Зеленски изјави и дека чека конечен договор со клучните сојузници, пренесува „Ројтерс“.

„Нашите партнери знаат колку авиони ни се потребни. Веќе добив разбирање за бројот од некои наши европски партнери. Тоа е сериозна, силна понуда. Киев сега чека конечен договор со своите сојузници, вклучително и заеднички договор со САД“, порача Зеленски на својата веб-страница.

Засега не е познато кои од сојузниците на Киев се подготвени да испратат авиони во Украина, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот претседател Џо Бајден им кажа на лидерите на Г7 минатиот месец дека САД ги поддржуваат заедничките сојузнички програми за обука на украинските пилоти „Ф16“, но советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека нема конечна одлука дали Вашингтон ќе ги испрати авионите.

Спонзорирано: