26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шојгу: Експлозијата кај браната е терористички напад во режија на Украинците

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека 71 руски војник е убиен во последните украински напади.

Тој исто така откри дека се уништени 15 руски тенкови и девет оклопни возила, јавуваат руските новински агенции.

Шојгу ја нарече експлозијата на браната „терористички напад“ и тврди дека Украина ја разнела браната „со цел полесно да ги прераспредели единиците од Херсон во офанзивната зона“.

Тој исто така рече дека Украина почнала да гради одбранбени позиции на десниот брег на реката Днепар и дека Русија ја одбила украинската офанзива во изминатите три дена.

Тој изјави дека Украина на 5 јуни се обидела да напредува во седум одделни правци, но нејзините сили биле запрени.

Шојгу исто така тврдеше дека украинските војници се обиделе да напредуваат во пет правци на 4 јуни, но не успеале.