21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Тешка сообраќајка во Скопје: Прегазен малолетник, возачот побегнал, полицијата трага

На 05.06.2023 вo 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.15 часот на ул.„Лука Геров” во Скопје патничко моторно возило удрило во малолетник и го напуштило местото.

Малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.