12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Соработката со Анкара ќе се подигне на ново ниво – Кина му ја честита победата на Ердоган

Кина му честита на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за победата на претседателските избори и е подготвена да ги подигне билатералните односи со Турција на ново ниво, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

„Кина му честита на претседателот Ердоган за неговиот реизбор за претседател и ја поддржува Турција да го следи развојниот пат, кој одговара на нејзините национални услови“, рече таа на брифингот.

Мао истакна дека Пекинг високо ги цени односите меѓу Кина и Турција и е подготвен да работи со Анкара за подигање на билатералните врски на ново ниво.

Неколку странски лидери исто така му ја честитаа победата на Ердоган, пренесе РИА.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси испрати телеграма во која истакна дека оваа победа е показател за довербата на турскиот народ во нивниот претседател, пренесе иранската новинска агенција „Тасним“.

Турскиот Врховен изборен совет вчера соопшти дека актуелниот претседател победил во вториот круг од претседателските избори со 52,14 отсто од гласовите. Конечните резултати ќе бидат објавени најрано в четврток на 1 јуни.