17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Северна Кореја и порача на Јапонија: Планираме да лансираме сателит

Северна Кореја ја извести Јапонија дека планира да лансира сателит меѓу 31 мај и 11 јуни, јавува јапонската телевизија NHK.

– Силно ја повикуваме Северна Кореја да се воздржи од лансирање и да соработува со релевантните земји како САД и Јужна Кореја – напиша во понеделникот на Твитер кабинетот на јапонскиот премиер.

Канцеларијата објави дека јапонската влада ќе направи се што може за да собере и анализира информации за лансирањето, пишува Ројтерс.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун претходно во мај извршил инспекција на објект за воени сателити, објави државната новинска агенција КЦНА.