18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган ги повика граѓаните да гласаат, Киличдародглу порача: „Да ја извлечеме Турција од темната јама“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ги повика граѓаните на таа земја да гласаат во вториот круг од претседателските избори. Неговиот ривал, кандидатот на опозицијата Кемал Киличдародглу, пак, му порача на народот да гласа за да ја извлечат земјата од „темната јама на дводецениското владеење на Ердоган“.

Првиот круг од претседателските избори се одржа на 14 мај, а Ердоган освои повеќе од 49 отсто, додека Киличдароглу близу 45 отсто.

За победа беа потребни 50 отсто плус еден глас.

Обраќајќи им се на поддржувачите во Истанбул за време на последниот предизборен митинг пред вториот круг, Ердоган апелираше на голем одѕив.