14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Смртниот биланс од поплавите во Италија се искачи на девет лица

Најмалку девет лица загинаа, а илјадници се раселени по обилните дождови што го погодија северниот италијански регион Емилија-Ромања, соопштија локалните власти. Обилните врнежи предизвикаа излевање на 21 река, кои поплавија улици и куќи, а имало и прекини во железничкиот сообраќај.

„Најмалку 5.000 луѓе се евакуирани од областа“, рече министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи.

Вкупниот број на градови погодени од поплавите е 36, додека одрони се забележани во 48 градови и села.

Властите ги предупредуваат жителите на погодените подрачја дека врнежите би можеле да траат уште 12 часа.

„Вонредната состојба воопшто не е завршена. Спасувачките операции се сложени и може да ги доведат спасувачите во опасност“, рекол Тити Постиљоне, заменик-шеф на италијанската Агенција за цивилна заштита.

Трката во Формула 1, која требаше да се вози во Имола овој викенд, во близина на најтешко погодените области, е откажана.

„Одлуката е донесена бидејќи не е можно безбедно да се одржи настанот за нашите навивачи, тимови и персонал“, соопштија организаторите на Формула 1.