14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Молдавија повеќе не користи руски гас и струја

Молдавија повеќе не користи руски природен гас или електрична енергија откако целосно ја прекина зависноста од руските енергетски извори по почетокот на руската инвазија на Украина, изјави молдавскиот премиер, Дорин Речан.

„Во почетокот на војната 100 % од енергијата што ја трошевме во Молдавија беше од руско потекло. Денеска, можеме да кажеме дека не трошиме ниту трошка природен гас или струја од Русија“, рече премиерот на Молдавија на безбедносна конференција одржана во Букурешт.

„Молдавија повеќе не троши руски гас, ние сме интегрирани во европската енергетска мрежа и технички и комерцијално“, додаде тој.

Република Молдавија е под хибриден напад од страна на Руската Федерација, но успеа да ги зајакне државните институции за да се справи со овие предизвици“, рече премиерот Речан на отворањето на Форумот за безбедност во регионот на Црно Море и Балканот во Букурешт.

Молдавскиот премиер рече дека Република Молдавија ја разбира својата улога во сегашната безбедносна архитектура. Таа мора да учествува во регионалната безбедност, вклучително и со одбрана на својата граница, која е и граница на Европската Унија.