16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кремљ со остра порака: Русија ќе ги заштити своите интереси кога станува збор за имот во странство

Русија ќе ги заштити своите интереси секогаш кога може доколку руските средства во странство се нелегитимно искористени, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој одговори на изјавата на портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд, кој рече дека приходот од реинвестирањето на замрзнатите средства на руската централна банка ЕУ може да ги искористи за поддршка на Украина.

Портпаролот на Кремљ рече дека сите обиди да се заплени имот, без разлика дали е приватен, државен или корпоративен, се апсолутно неприфатливи.

„Треба да видиме што ќе претстават како оправдување. Никој не треба да се сомнева дека Русија ќе ги брани своите интереси кога и да може“, рече Песков.

Спонзорирано: